Министерот Ќахил на свеченоста по повод инаугурацијата на Претседателот на Република Турција г. Реџеп Тајип Ердоган

9 јули, 2018 година

   Министерот задолжен за странски инвестиции Проф. Д-р Аднан Ќахил како претставник од Владата на Република Македонија, по лична покана на г.Реџеп Тајип Ердоан, вчера присуствуваше на неговата инаугурацијата за Претседател на Република Турција. Церемонијата се одржи во Претседателската Палата, Анкара, Република Турција.

   На свеченоста присусвуваа 22 претседатели, 28 премиери и претседатели на парламенти меѓу кои Претседателот на Република Македонија г.Ѓорге Иванов, Претседателот на Партијата за движење на Турците г.Енес Ибраим, членот на Советот за Безбедност на Р.М г.Фуркан Чако и др.

   Министерот Ќахил за време на свеченоста ја искористи можноста да се сретне со Претседателот Ердоган каде оствари кратка средба и ги пренесе своите искрени честитки.

   Турскиот претседател, во своето обраќање пред Претседателската Палата во Анкара по повод инаугурацијата за Претседател, изрази надеж дека неговото преземање на мандатот во рамките на новиот претседателски систем ќе биде од корист не само за Турција, туку и за целото човештво.

   Пред церемонијата, во Големото народно собрание на Република Турција, Претседателот Ердоган положи свечена заклетва како претседател на државата за наредниот петгодишен мандат.

 

АКТУЕЛНОСТИ: