Бардул Даути - министер без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции

Роден е во 1982 година, во Тетово. Докторирал на Универзитетот во Љубљана, Словенија, на Економскиот факултет со доктороскиот труд "Детерминанти и трговски ефекти на странските директни инвестиции во земјите од Југоисточна Европа со посебен акцент на Македонија“ во 2015 година.

Претходно, во 2007 година, се стекнал со титула магистер по економија и бизнис анализа на Универзитет во Стафордшир, Факултет за бизнис и право, во Обединетото Кралство.

Додипломските студии ги завршил на Универзитет на Југоисточна Европа-Тетово, на Факултетот за бизнис администрација.

На позицијата минстер без ресор задолжен за странски инвестиции доаѓа од местото доцент на Економскиот факултат на Универзитетот во Тетово, каде што ги предава предметите Макроекономија и Современи економски системи

Негова потесна специјалност се и областите јавни финансии, микроекономија, анализа на јавните политики, анализа на одлуки, влада и пазар.

На изборите во 2016 година е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија. Бил член на комисиите за финансии и буџет и напарламентарната комисија за асоцијација и стабилност на Република Македонија.

Претходно бил советник во Општина Тетово.

Негов посебен истражувачки интерес се странски директни инвестиции, трговија, макроекономски политики, економска конвергенција, институционална економија, јавни политики, применета економија и анализа на податоци.

Има објавено голем број научни трудови во реномирани домашни и странски списанија.