Министерката Апостолска на Форумот „Инвестиции за долгорочен економски развој“: Бизнисот својот просперитет го препознава во иновациите

25 април 2018

Mинистеркa без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска  заедно со Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и со заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев учествуваше и имаше свое обраќање на Форумот „Инвестиции за долгорочен економски развој“, во организација на Сојузот на стопански комори.

Според министерката Апостолска, глобалните трендови покажуваат дека бизнисот својот просперитет го препознава во иновациите, во автоматизацјата, во воведувањето на ИТ технологии во својата дејност, и тоа е патот кој ги води до поголема додадена вредност во производите и услугите и кон поголема конкурентност.

Следствено на тоа, рече министерката Апостолска и самиот План за економски раст е концепиран кон стимулирање на овие трендови и во македонското стопанство преку предвидена финансиска поддршка за мотивирање на компаниите да инвестираат во технолошки развој и истражувања и преку процес на реформи на образованието, кои се во насока на воспоставување на посилна релација помеѓу бизнисот и образовниот процес, со цел создавање на квалификувана работна сила која со своите вештини и квалификации успешно ќе ги задоволи побарувањата на бизнис заедницата.

Видео од обраќањето на министерката:

 

АКТУЕЛНОСТИ: