Министерот Ќахил во посета на Анкара

27907889_846720038832128_7276775837hhhhgh_0.jpg

11.02.2018

Министерот задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, Проф. Д-р Аднан Ќахил, како дел од делегацијата предводена од Премиерот Зоран Заев, беше во дводневна официјална посета на Анкара, Република Турција. Министерот Ќахил во првата вечер од посетата, имаше свое обраќање на вечерата организирана од ТОББ – Сојуз на стопански комори и берзи на Република Турција каде присуствуваа еминентни бизнисмени од земјата. Тој заедно со Премиерот ги одговори прашањата упатени од страна на домакините и ги презентираше можностите во Република Македонија и потенцираше дека инвестициите се од особено значење за покачување на животниот стандард и овозможуваат отворање на нови работни места во Македонија. Проф. Д-р Аднан Ќахил додаде дека тој и неговиот кабинет топло ќе ги пречека сите заинтересирани инвеститори и ќе ја понуди својата безрезервна поддршка. Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од страна на Министерот Проф.Д-р Аднан Ќахил, вториот ден од посетата се сретна со претставниците на Групацијата ТАВ, главниот менаџер, Мустафа Сани Шенер, заменик менаџерот Серкан Каптан, генералниот менаџер на ТАВ Македонија, Алпер Тунга Ерсој. По конструктивниот состанок, делегацијата се упати кон Мавзолејот на големиот лидер и великан Мустафа Кемал Ататурк а потоа беше пречекана од страна на Премиерот на Република Турција. Претседателот на Владата оствари тет-а-тет средба со Претседателот на Владата на Република Турција Бинали Јилдирим, по што следеше билатерална средба на двете делегации. Во рамки на официјалната посета, делегацијата го посети и Собранието на Република Турција каде беше пречекана од страна на Претседателот Исмаил Кахраман. Пред крајот на посетата, Министерот Ќахил заедено со Премиерот Зоран Заев оствари блиска средба со Претседателот на Република Турција г-дин Реџеп Тајип Ердоган. На средбата која помина во топла и пријателска атмосфера, беше констатирано дека двете пријателски земји имаат потенцијал за унапредување на економската соработка преку зголемување на турските инвестиции, како и преку нови иницијативи од страна на Македонија. Претседателот Ердоган ја поддржа иницијативата за зголемување на квотите за извоз на телешко и јагнешко месо во Турција и изрази поддршка и охрабрување на турските бизнисмени за инвестирање во Република Македонија.

27912562_846720238832108_5901693923909147071_o.jpg

27907889_846720038832128_7276775837188841456_o.jpg

 

27912905_846719718832160_7891986190995609122_o.jpg

27912463_846719508832181_7134369697864639526_o.jpg

27798045_846720118832120_1732258709349687231_o.jpg

АКТУЕЛНОСТИ: