Министерот Аднан Ќахил присуствуваше на свеченост по повод 946-та годишнина од Битката кај Малазгирт

Министерот задолжен за странски инвестиции, проф. д-р Аднан Ќахил, како претставник од Владата на Република Македонија на покана на Претседателот на Република Турција г-дин Реџеп Тајип Ердоган, како специјален гостин, изминатиов викенд во округот Малазгирт, источната турска покраина Муш, присуствуваше на свеченост по повод 946-та годишнина од Битката кај Малазгирт на која покрај претседателот на Република Турција, г-дин Реџеп Тајип Ердоган, присуствуваа голем број на функционери, претставници од дипломатскиот кор и масовен број на граѓани.

Средба на министерот Аднан Ќахил со поранешниот премиер на Република Турција, Ахмет Давутоглу

Министерот задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, Проф. Д-р Аднан Ќахил, денеска оствари средба со поранешниот премиер на Република Турција, Проф. Д-р Ахмет Давутоглу.

Како дел од тридневната посета на Македонија, Давутоглу по средбата со Претседателот на Владата на Република Македонија г-динот Зоран Заев, го посети и кабинетот на Министерот Ќахил и му посака среќа во неговата функција како Министер задолжен за странски инвестиции и како единствен претставник од турската заедница.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот Аднан Ќахил денеска беа на поставување камен темелник на новата фабрика „Чагатај Кабло“

Вицепремиерот за економски прашања, г-динот Кочо Анѓушев и министерот задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, проф. д-р Аднан Ќахил, денеска беа дел од настанот по повод камен темелник на новата фабрика „Чагатај Кабло“ која ќе се изгради во Технолошко – индустриската развојна зона Скопје 1.

Pages

Subscribe to Министри без ресор RSS